Видео од БиХ го обиколи регионот: Со митралез влезе на роденденска прослава и започна да пука!

Точка

20/04/2021

13:07

6.949

Големина на фонт

а а а

Снимка на лице кое со митралез влегува во објект во местото Кадино Врело во Босна и Херцеговина и пука во затворена просторија го обиколи регионот.

Имено, пред два дена во Кадино Врело е одржана забава, а како што пренесуваат босанските медиуми, наводно станувало збор за прослава во угостителски објект по повод 18-ти роденден.

Во објектот луѓето слушаа музика и се забавуваа, се додека во просторијата не влезе лице и извика „гаси ја музиката“. Во рацете држеше митралез, а веднаш по влегувањето започна да пука.

Случајот бил пријавен во полиција, а босанските медиуми пренесуваат дека лицето е уапсено, а во инцидентот нема повредени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг