Израел го укина задолжителното носење маски на отворено

Макфакс

19/04/2021

11:16

699

Големина на фонт

а а а

Израел денес го укина задолжителното носење заштитни маски на отворено и целосно ги отвори училиштата како дел од последното враќање во релативно нормално, со оглед на масовната кампања за вакцинација против Ковид-19.

Со речиси 54 проценти од вакцинираните жители од своите 9,3 милиони граѓани кои примиле и две вакцини на „Фајзер-Бионтек“ против Ковид-19, Израел забележа голем пад на бројот на заразени, објави „Ројтерс“.

Носењето маски на отворено, воведено пред една година, беше укинато денеска, но Министерството за здравство изјави дека ова барање сè уште се применува во затворени јавни простории и ги повика граѓаните да имаат маски при рака.

Покрај израелските градинки, ученици од основните и средните училишта кои веќе се вратиле на училиште, на режимот пред пандемијата се враќаат и ученици од повисоките одделенија од основните училишта.

Министерството за образование изјави дека училиштата треба да продолжат со личната хигиена, проветрувањето во училниците и одржувањето на социјалното растојание за време на одморите и предавањата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг