Апасиев од собраниската говорница: „Досега правевте театар од Собранието, денеска правите кривично дело“

Точка

18/04/2021

15:12

4.468

Големина на фонт

а а а

Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев, со законикот во рака се обидуваше да добие процедурален збор, стоејќи пред Џафери кој што не реагирал.

Отакако доби збор по гласањето, Апасиев му се обрати на Џафери:

„Претседателе, барав 20 пати процедурално, не ми дозволивте иако требаше. Досега правевте театар од Собранието, а денеска правите кривично дело“, пренесува „tv21“.

„Се предвидува изолација, карантин за секој кој е заболен од ковид-19. Членот од законот вели: лицата кои се заразени и кои се сомнева дека биле во контакт, треба да бидат во карантин во домашни услови или во здравствена установа. Денеска имаме двајца пратеници кои се донесени спротивно членот 11.

Ова е кривично дело за кое не им важи имунитетот. Не би сакал да сум во кожата на овие двајца пратеници кога ќе падне овој режим, затоа што први ќе одат во затвор“, изјави Апасиев.