Тројца крадци заспале за време на кражба: Се разбудиле со лисици на рацете...

Точка

15/04/2021

09:56

1.769

Големина на фонт

а а а

Тројца крадци ги открија сите опасности од спиењето „на работа“ откако жена вработена во градинка во германскиот град Шопфајм ги откри по доаѓањето на работа и ги пријави во полиција.

Трите лица на возраст од 17, 21 и 28 години се разбудиле во вторникот наутро со лисици на рацете откако полицијата пристигнала на лице место, а претходно трагала по крадци поради грабеж во соседството.

Тие пред да провалат во градинката каде што и заспале, упаднале и во канцеларија каде што со насилното отворање направиле штета од 12 илјади евра, соопшти полицијата од Фрајбург на југозападот на Германија.


При апсењето кај лицата кои провалиле во градинката не биле пронајдени украдените предмети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг