Американците се премислија: Турција погрешно нè сфати, не испраќаме наши бродови

Точка

15/04/2021

09:09

2.115

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави го откажаа преместувањето на двата воени бродови во Црното море, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на турски дипломатски извори.

Неименувани разузнавачки извори потврдија дека американската амбасада во Анкара го известила турското министерство за надворешни работи за откажувањето, но не навеле причина, а „Анадолија“ подоцна извести дека Анкара повеќе нема известувања за потенцијално дополнително распоредување на воени бродови на САД во водите на Црното море.

Американците соопштиле дека Турција можеби погрешно го сфатила првото соопштение и дека распоредувањето на воените бродови никогаш не било потврдено, а САД често ја известуваат Анкара за потенцијално навлегување на американски бродови во Црното море, што не значи дека тоа навистина ќе се случи.

Вашингтон и НАТО Алијансата се вознемирени од натрупувањето на руските сили во близина на границата со Украина и на Крим, а откако Турција соопшти дека Американците планираат да испратат два воени бродови во Црното море, реагираше Москва и порача дека тоа е „непријателска провокација“.


„Ројтерс“ пренесува дека откако се појавиле информации за пристигнувањето на американски воени бродови во Црното море, руската морнарица започнала со маневри на кои било вежбано гаѓање на цели на море и во воздух.

Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг ги повика руските власти да престанат да ги распоредуваат своите трупи во близина на границата со Украина, а истото го направија и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг