Франција на чекор кон усвојување на закон поради кој муслиманите се бесни! Секуларна држава или легализација на исламофобијата?

Точка

14/04/2021

13:26

3.579

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон и муслиманите се често во конфронтирачки однос - сега тоа повторно е случај, затоа што се наближува донесувањето на законот за кој муслиманите сметаат дека е директен атак врз нив.

Оваа конфронтација има своја историја, а посебно е изразена после терористичкиот напад на редакцијата на „Шарли Ебдо“ по неговата објава на контроверзната карикатура на пророкот Мухамед во 2015-та година.

Тогаш статусот на муслиманското население повторно стана приоритет за француската власт. Антагонизмот продолжи после стравичното обезглавување на професорот Самуел Пати кое ја шокираше Франција, но и остатокот на Европа. Тоа се случи откако Пати говорејќи им на своите ученици за слободата на говорот, ја покажал споменатата карикатура.


Макрон остро реагираше на убиството, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му возврати и му порача дека му е потребен „ментален третман“, притоа повикувајќи на бојкот на француските производи. Французите не возвратија со повикување на бојкот на турските производи, но го отповикаа својот амбасадор од Турција.

Откако ситуацијата се смири, сега доаѓа новиот закон за кој се тврди дека ќе го зајакне републиканизмот во Франција. Макрон го најавува веќе неколку месеци и се однесува на повеќе социјални аспекти - меѓу нив е и борбата против „исламскиот сепаратизам“.


Што носи новиот закон?

Предлог законот е веќе усвоен во францускиот Сенат, а еве што подразбира:

- Санкционирање на говорот на омраза со притвор или парична казна

- Контрола на финансирањето на различни организации

- Контрола на таканаречените школувања во тајност или во домашни услови

- Контрола на организациите, меѓу кои се и спортските, за кои се смета дека поттикнуваат сепаратизам

- Санкционирање на докторите со казна од 18 илјади евра ако издадат потврда дека женско лице никогаш немало сексуален однос

- Забрана за полигамија (мигрантите кои ја практикуваат нема да добијат дозвола за престој)

- Уредување на присилните бракови

- Строга контрола на финансирањето на верските организации од странство (ќе мора да се пријавува секоја странска уплата од странство повисока од 10 илјади евра)

- Строги казни за кривични дела кои се доведуваат во врска со верските заедници и за верските лица кои ќе повикуваат на омраза

- Забрането носење на верски симболи за државните службеници, што значи и забрана на носење на хиџаб. Забраната ќе се однесува и на работниците надвор од јавниот сектор, но кои работат во компании кои работат со државата, како на пример транспортните компании.


Францускиот претседател во октомври минатата година изјави дека Исламот како религија е во криза ширум светот и во Франција е потребно да се ослободи Исламот од странското влијание.

Но, француските муслимани сметаат дека законот е насочен против нив. Така мисли и правничката Рим-Сара Алоуан од Универзитетот Тулуз Капитол. Во изјавата за "NBC" порача дека со законот се напаѓаат граѓанските слободи и не е оневозможена злоупотребата на власта.

„Во Франција невидливиот муслиман е добар муслиман“, истакна Алоуан.

Инаку, Францијха е европската земја со најголема муслиманска заедница - од 67 милиони жители, 5 милиони се муслимани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг