Драги Рашковски си поднесе оставка: „Вистината нека се провери преку институциите“

Точка

14/04/2021

08:37

3.322

Големина на фонт

а а а

Утрово Драги Рашковски објави писмо на социјалните мрежи во кое што објави дека се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на РМ.

Тој во писмото вели дека му е жал за тоа што проектот нема да се реализира и земјава и понатаму ќе биде во редот на земји со најголем број на жртви во сообраќајот.

„Почитуван Претседател на Владата, кога политиката (политикантството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. Токму заради тоа до вас го доставувам ова неотповикливо повикување од функцијата.

Мојата улога и со оваа функција и со претходната како генерален секретар беше да му дадеме една нова динамична димензија на општествениот живот. Секретар, каков и да е, може да е обичен писар, но може да е и еден од главните двигатели....“, пишува меѓу другото Рашковски.

Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го...

Posted by Dragi Raskovski on Tuesday, April 13, 2021

Инаку, тој во писмото вели и дека со софтверот за кој се крена и голема врева во јавноста имал намера да спаси многу животи кои се губат на патиштата во земјава.