Снимка која ја шокираше БиХ: Полицајци во Мостар брутално претепаа лице кое го прекрши полицискиот час, но не знаеја дека надзорната камера снима...

Точка

12/04/2021

09:39

8.721

Големина на фонт

а а а

Босанските медиуми вчера објавија видео кое е направено од надзорна камера пред влез од зграда во Мостар, на кое што може да се види како полицајци тепаат млад човек.

Како што пренесуваат локалните медиуми, лицето го прекршило полицискиот час и се враќало дома околу 23 часот, по што бил нападнат од полицајците.

„Откако го претепаа, полицајците го однесоа во полициската станица во Мостар каде што доби казна за прекршување на мерките на полицискиот час. Тие го пуштиле без медицински преглед сам да оди дома. Откако му се слошило кога стигнал дома, тој се јавил во локалната болница каде што му биле утврдени повредите“, пренесува босански „Поглед“.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Људевит Мариќ изјави дека денеска ќе бидат објавени официјални информации поврзани со овој инцидент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг