Уште еден Афроамериканец убиен при апсење: Протести во Минеаполис, полицијата употреби солзавец

Точка

12/04/2021

08:55

2.016

Големина на фонт

а а а

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои во неделата протестираа во предградие на Минеаполис поради убиството на Афроамериканец за време на интервенција на полицијата на место оддалечено 15-тина километри од локацијата на која минатата година беше убиен Џорџ Флојд.

Демонстрантите се собраа после убиството на 20-годишниот Афроамериканец Донти Рајт, а за време на протестите извикуваа и „Правда за Џорџ Флојд“, при што оштетија и две полициски возила.

Во соопштението на полицијата беше наведено дека младиот Донти Рајт бил рутински сопрен додека управувал со автомобилот, а за време на проверката било откриено дека по него е распишана потерница.

Како што објаснија од локалната полиција, после обидот за апсење на Рајт, тој влегол во неговиот автомобил и се обидел да побегне, по што еден од полицајците отворил оган кон автомобилот.

Рајт успеал да побегне, но недалеку од местото на инцидентот удрил во друг автомобил и починал, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.


Инаку, ситуацијата во Минеаполис во изминатите неколку дена е прилично тензична затоа што во тек е судење на Дерек Шовин кој како полицаец на должност, при апсење минатата година го усмрти 46-годишниот Џорџ Флојд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг