Цел остров на Карибите е покриен со пепел по ерупцијата на вулкан, жителите се евакуираат

Макфакс

11/04/2021

17:42

2.817

Големина на фонт

а а а

Поради ерупцијата на вулканот Суфрија на карипскиот остров Свети Винсент, дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода, а целиот остров е покриен со пепел.

Ерупцијата почна во петокот. Околу 16.000 лица мораа да се евакуираат од своите домови, пренесе Би-би-си.

Според информациите, повеќе од 3.200 луѓе се засолнети во прифатните центри во училиштата и црквите.

Жителите на Барбадос, околу 200 километри источно, се повикани да останат во затворен простор.

Научниците предупредија дека ерупцијата може да продолжи со денови, па дури и недели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг