Масакр во Мјанмар: Хунтата убила најмалку 80 демонстранти во Јангон за еден ден

Точка

10/04/2021

22:14

1.290

Големина на фонт

а а а

Безбедносните сили на Мјанмар убиле повеќе од 80 демонстранти кои протестираа против воениот преврат во град во близина на Јангон, соопшти денеска надзорната група за Асоцијација за помош на политичките затвореници (AAPP).

Очевидци тврдат дека војниците отвориле оган од тешко оружје врз демонстрантите и фрлале рачни гранати.

AAPP и порталот „Мјанмар њуз“ наведуваат дека се убиени 82 лица, пренесува „Ројтерс“.

Деталите за бројот на починати на почетокот не биле достапни, бидејќи безбедносните сили ги собирале телата во комплексот Зејар Муни и го заградувале тоа подрачје, додава „Ројтерс“, повикувајќи се на сведоци и мјанмарските медиуми.

Наводно војниците ги опкружиле демонстрантите рано наутро во петокот користејќи тешко оружје, а пукањето продолжило и попладне, пренесуваат локалните медиуми.

„Ројтерс“ не успеале да дојдат до изјава од портпаролот на воената хунта.

Според мјанмарските медиуми, денеска во нападот на припадниците на сојузните етнички армии на полициската станица на исток од Мјанмар загинале најмалку 10 полицајци. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг