Истражувањата потврдија: 5 намирници кои го „убиваат“ апетитот

Точка

10/04/2021

13:33

2.755

Големина на фонт

а а а

Докторите сметаат дека периодичниот пост или гладувањето е тоа што ги обновува клетките во телото и придонесува во слабеењето.

Но, што доколку постојано сте гладни и доколку сте во состојба да изедете сè што ќе ви се сервира?

Научно истражување вели дека на секој човек потребни му се две седмици да навикне на промените кои што ги вовел.

Истото тоа важи и за режимот на исхрана. Но, што доколку не можете да ја одржите диетата и имате голема желба да изедете сè што во моментот ви е забрането? Обидете се со намирниците кои го „убиваат“ апетитот.

5 намирници кои го сузбиваат апетитот:

1. Вода

Веројатно повеќе пати сте слушнале дека подобро е денот да го започнете со чаша вода. Прво, таа помага во спречување на дехидратација, а второ го намалува апетитот. Пиењето чаша вода пред секој оброк исто така е корисно. Доколку треба да се ублажат грчевите во стомакот, подобро е да пиете минерална вода.


2. Цимет

Овој зачин не само што го сузбива гладот туку помага и во чистењето на желудникот, го намалува шеќерот во крвта и го забрзува процесот на слабеење. Ова се само некои од поволностите на циметот. Додавајте по малку цимет во чајот или кафето и ќе имате интересен вкус на истите, но и ќе добиете здравствени бенефити.

3. Зелен чај

Овој пијалак содржи еден тон корисни антиоксиданти и полифенол. Зелениот чај е задолжителен за оние кои што се на режим на исхрана и сакаат да ослабнат, а резултатите ќе бидат неверојатни.

4. Чиа семе

Содржи мноштво растворливи диетални растителни влакна и омега-3 масни киселини. Обидете се да ставите неколку семки од семето во чаша вода и по половина час течноста ќе стане зеленкаста и од неа може да се прават прекрасни пудинзи. Семето може да го консумирате и суво. Изберете метод кој што најмногу ви одговара.


5. Кафе

Некои луѓе мислат дека кофеинот може да помогне во сузбивање на глад, но истражувањата покажале дека тоа го прават антиоксидантите. Кофеинот едноставно растворен во вода не го намалува гладот толку колку што може тоа да го направи кафето без кофеин. Покрај тоа кофеинот кој се наоѓа во кафето ги забрзува процесите на метаболизмот, што помага во ефикасноста во согорувањето на мастите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг