Ким погуби министер поради бизарна причина: Немал доволно видео-повици...

Точка

10/04/2021

12:45

7.006

Големина на фонт

а а а

Ким Јонг Ун погубил висок владин функционер поради тоа што неговиот сектор имал мал број на видео-повици, пренесуваат британските медиуми.

Неименуваниот високопозициониран министер од областа на образованието бил осуден на смрт после истрагата која утврдила дека неговиот департман немал задоволувачки напредок и воспоставен систем за учење на далечина, пренесува „Мирор“.

Министерството за образование не покажало никаков прогрес, а поединци ја критикувале и одлуката на владата. Освен тоа, членови на министерството се жалеле на „количината на работа“, а како најголем проблем се истакнува тоа што министерството не успеало да воведе учење на далечина како што се очекувало.


После погубувањето на министерот, поставена е нова комисија под водство на Ри Гук-Чол, ректор на Универзитетот Ким Ил Сунг.

Исто така, донесени се нови мерки според кои видео-конференциите треба да се одржуваат редовно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг