Меѓу нив има дури 47 години разлика: Зборуваа дека може да ѝ биде дедо, им предвидувале брз крај, но тие и натаму се заедно

Точка

09/04/2021

16:20

3.455

Големина на фонт

а а а

Роберто Кавали од 2008-ма година е во врска Лина Нилсон, на која според годините може да и биде дедо, а зад себе има два брака од кои добил пет деца.

80-годишниот Роберто Кавали ја интригира јавноста со својата 47 години помлада избраничка Лина Нилсон, а иако им предвидувале брз крај, тие се уште се заедно.

Модниот могул, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, е во врска со Лина од 2008-ма година. Многумина ја нарекувале спонзоруша бидејќи е во врска со славниот дизајнер, кој според годините може да и биде дедо.


Кавали и Нилсон често може да се видат како уживаат во луксузни одмори на јахти при што таа мами погледи со своите минијатурни бикинија и одличната фигура.

Со оглед на неговите години, познатиот Италијанец е чиста спротивност со опуштена кожа, а се зборува дека неговото чудно лице е резултат на ботокс и неколку естетски зафати.


Претходно имал проблеми и со одењето поради повреда на коленото, но неговата Лина секогаш подготвено му приоѓала на помош. Се зборувало дека парот ќе го изговори и судбоносното да, но тоа уште не се случило.

Познато е дека Кавали на својата партнерка и купува многу луксузни подароци, меѓу кои е и еден остров во Шведска.

Инаку, дизајнерот зад себе има два брака во кои добил пет деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг