UPS наскоро ќе доставува пратки со помош на електрични летала

Точка

08/04/2021

21:09

713

Големина на фонт

а а а

Модерните системи за достава полека стануваат дел од секојдневието, а глобалната компанија за транспорт, доставување на пратки и логистика – UPS наскоро тоа ќе го прави со помош на електричните eVTOL летала.

UPS планира да ги користи леталата на компанијата Beta Technologies за доставување на пратки. Според планот на компанијата, околу 150 летала би требало да ги користат малите и средните бизнисии, компании за медицински услуги и други компании во малите заедници.

„Овие нови летала ќе ја унапредат оперативната ефикасност во нашиот бизнис, ќе отворат можности за нови услуги и ќе послужат како темел за идните решенија во намалувањето на емисијата на гасови кои настануваат во текот на нашите воздушни и копнени операции“, изјави претставникот на UPS, Хуан Перез.

Важно е да се истакне дека на eVTOL леталата за полетување и слетување не им се потребни аеродроми, затоа што тие ќе летаат директно од објектите на UPS. Исто така, од UPS нагласија дека нема да има вознемирување на населението затоа што овие летала создаваат минимална бучава.

Дометот на eVTOL леталото изнесува 402 километри, достигнува брзина од 273 километри на час, а капацитетот на товарот изнесува 635 килограми. Полнењето на батериите трае помалку од еден час.

Моментално во фаза на тестирање е прототипот Alia-250 кој користи четири пропелери за вертикално полетување и слетување, а има и заден пропелер за движење напред. Според плановите, UPS би требало да добие десет летала до 2024-та година, а постои опција за купување до 150 летала




Спонзорирани линкови

Маркетинг