„Двојник“: 30-дневен притвор за 6 лица, на двајца им се изречени мерки на претпазливост, еден осомничен во бегство

Точка

07/04/2021

22:28

2.094

Големина на фонт

а а а

Прифатен предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје.

Судијата на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје одреди притвор за шестмина од осомничените во случајот „Двојник“. Мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство.

Станува збор за синџир за фалсификување на документи, а вклучени се и т.н курири кои откако пасошите биле изработени ги носеле до криминалците.

Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши, чија бројка надминува 100.

„Оној дел од истрагата во врска со доказите е завршен со приведувањето на овие припадници на МВР, но продолжува акцијата на меѓународно ниво, работиме заедно со Интерпол и секој нов доказ што се појавува истрагата ќе се проширува. Од почетокот на 2019 година се работи на овој случај, уште тогаш се појавуваат првите индиции. Имавме пред неколку месеци друга група која ја приведовме за издвање нелегални возачки дозволи. За секое лице за кое имаме доказ е приведено“, изјави министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг