Надал: Без него немаше да победам на многу турнири

Дерби

07/04/2021

12:13

1.969

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е на добар пат да се врати на терените, турнирите и тоа на оној во Монте Карло каде би требало да го има својот прв настап по Австралија Опен.

Ова секако е добра вест за тенисот, сите љубители на овој спорт, но и за самиот Надал кој одлучи специјално да му се заблагодари на еден човек-тоа е неговиот лекар Анхел Руиз Котор кој има направено многу за него во досегашната кариера.

- Поминав многу тешки периоди со Анхел. На крајот на краиштата, тој е лекар и ако сум со него, тоа значи дека работите се тргнати во лош правец. Сепак, Анхел е многу позитивна личност што е важна одлика во светот на медицината.

- Тој е целосно посветен на својата работа и гледа напред со оптимизам. Ми помогна да најдам решенија. Без него не би можел да победам на некои турнири. Можам само да му се заблагодарам бидејќи без него, мојот лекар на кој му верувам, моите резултати би биле сосема поинакви, - истакна Надал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг