Сите му се смееле на научникот кој ја негирал гравитацијата – за овој феномен во Финска ниту NASA нема објаснување

Точка

02/04/2021

16:22

5.902

Големина на фонт

а а а

Скептиците пошле на тоа место во природата за сами да се уверат во тоа што научникот во 1996 година го изнел како тврдење – дека гравитацијата може да биде негирана.

Сега неговите тврдења се истражуваат во лаборатории ширум светот.

Во 1996 година рускиот научник Јуџин Подклетнов се подготвил да објави рецензирана студија за угледното британско списание за физика, докажувајќи дека гравитацијата може да биде негирана.


Тогаш лондонските весници ги објавиле неговите заклучоци, но скептиците веднаш се упатиле до тоа место во природата за да ја видат чудната карпа.

Сите знаеле дека не може да се „шегувате“ со законот за гравитација, а тоа го потврдил и Ајнштајн.

Соочен со критиките,  Подклетнов го повлекол својот труд, но контроверзиите не престанале затоа што неговите тврдења почнале да се истражуваат во разни лаборатории ширум светот, вклучувајќи ги и оние на NASA.

„Kummakivi“ на фински значи „чудна карпа“, а легендата има една приказна врзана за неа, додека пак геолозите друга – онаа која што е научно поткрепена, но сепак сите се согласни дека оваа карпа е необична и преубава.

Секој кој што ќе наиде на оваа чудесна карпа ќе биде збунет и изненаден од погледот кон несекојдневната сцена која и натаму не може да биде разбрана од страна на човекот.


Горниот огромен камен, со само мал дел се потпира на долниот камен, па едноставно изгледа како „одлично џиновско балансирање на еден прст“.

Уште почудно е тоа што многумина се обидувале да ја поместат, но залудно.

Се претпоставува дека карпата е поставена со сила на глечер во текот на леденото доба.

Инаку, научниците и натаму немаат објаснување за овој феномен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг