Германска пратеничка починала во авион

Точка

22/03/2021

17:36

4.172

Големина на фонт

а а а

Пратеничката на германскиот Бундестаг, Карин Штренц од Христијанско-демократската унија (CDU), починала откако се онесвестила на лет од Куба кон Германија.

Пратеникот од "CDU"; Екхарт Реберг рекол дека 53-годишната Штренц се враќала од Куба со сопругот, пренесува агенцијата "DPA".

Според неговите зборови, авионот принудно слетал во Ирска, но лекарите не успеале да и помогнат на пратеничката.


Не е позната причината за смртта ниту причината за нејзиното одење на Куба.

Штренц била пратеник од 2009-та година и ја претставува покраината Макленбург-Померанија.


Таа не планирала да се кандидира за нов мандат на изборите на 26-ти септември.

На почетокот на годината, таа и уште еден пратеник биле мета на рација на обвинителството во рамките на истрагата за наводен трансфер на пари од Азербејџан.