Европските држави продолжуваат со употребата на вакцините на „АстраЗенека“

Макфакс

19/03/2021

13:14

596

Големина на фонт

а а а

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „АстраЗенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со имунизирање со вакцината на „АстраЗенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин, а Ирска денеска ќе информира што ќе прави понатаму.

Европските земји ја прекинаа употребата на вакцината на „АстраЗенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчувања во крвта кај неколкумина што ја примиле вакцината.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината не е поврзана со целокупниот ризик од згрутчување на крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг