САД испраќаат вакцини во Мексико и во Канада

Макфакс

19/03/2021

10:23

435

Големина на фонт

а а а

САД планираат да испратат четири милиони дози вакцина против коронавирус од „АстраЗенека“ во Мексико и во Канада, објави Белата куќа.

Мексико ќе добие 2,5 милиони дози на „заем“, а Канада 1,5 милион дози, изјави претставничката за печат Џен Псаки, пренесува „Ројтерс“.

Таа посочи дека грижата за соседите да го сузбијат вирусот е важен чекор во запирање на пандемијата.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е под притисок да подели вакцини низ целиот свет, особено резервите на вакцината на „АстраЗенека“, која сè уште не е одобрена за употреба во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг