Сончево време со умерена облачност

Макфакс

19/03/2021

08:17

519

Големина на фонт

а а а

Во раните претпладневни часови ќе биде променливо облачно, но постепено облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност, информира УХМР. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг