Твитерџиите „удрија“ по Рашковски и неговиот годишен одмор со „никогаш поевтини цени“: „На некој му е евтино во Мексико, на некој во Стокомак“

Точка

18/03/2021

10:53

4.198

Големина на фонт

а а а

По вчерашната информација дека секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев - Драги Рашковски е во Мексико, не стивнуваат коментарите по социјалните мрежи.

Мислењата се поделени: според некои од луѓето тој побегнал поради последниот корупциски скандал, а според неговата изјава тој таму е на одмор.

Тој таму е сместен во елитно мексиканско одморалиште „Cancún“, во „Hard Rock Hotel“.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31-ви овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува. Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра, изјави вчера Рашковски.

Македонските твитерџии очигледно дека одлично си ја знаат својата работа, па веднаш почнаа да се нижат шегите врз основа на изјавите на Рашковски.

Ова се дел од Твитовите:




Спонзорирани линкови

Маркетинг