По случајот со родилката, се огласи д-р Асани: „Совеста ми е чиста. Порталите си играат со мојот углед за повеќе лајкови...“

Точка

18/03/2021

09:00

4.235

Големина на фонт

а а а

По случајот со родилката од Дебар, Веапоска, на која што ѝ беа извадени здрави органи - бубрег, јајник и матка, се огласи и д-р Асани.

Вчера министерот за здравство д-р Венко Филипче изјави дека го разрешил д-р Асани од струшката болница.

Инаку, досега докторот се немаше огласено по повод оваа ситуација, но вчера сепак тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус, во кој се обиде да ја објасни цела ситуација.

Докторот напиша: 

„До денеска не се изјаснив, не затоа што немав што да коментирам или затоа што совеста не ми е чиста, како што и мислеа некои луѓе! Но сето тоа го направив во почит на одлуката на соодветните установи. Иако против мене имаше толку обвиненија со цел да ми го уништат авторитетот, сепак мислев дека првично својот став треба да го кажат соодветните одговорни институции. Но сфатив дека во дел од јавноста ова е погрешно сфатено..

Пациентката е примена во болница и направена е предоперативна подготовка по протокол.

Беше втор царски рез кај пациентката, и нормално како по секој оперативен зафат,ризикот и можноста за компликации се зголемуваат во секој нареден зафат.

На пациентката детално и е објаснета операцијата, ризиците, интра и постоперативните компликаци, истата свесно со своерачен потпис се согласила.

Постоперативно пациентката беше под надзор секој ден од дежурните екипи (двајца лекари специјалисти гинеколози-акушери и 4 сестри акушерки), кои констатирале дека пациентката секој ден била стабилна.

Петтиот постоперативен ден состојбата на пациентката се комплицирало (интраабдоминална хеморагија),хеморагичен шок, живото загрозувачка состојба ако не се интервенира навреме и брзо.

Итно влеговме во операциона сала екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област.

После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката.“, напишал д-р Асани.

Целата негова објава прочитајте ја во следната објава:

Deri më sot kam heshtur, jo se nuk kisha ç'të thoja dhe as se nuk e kisha ndërgjegjen e qetë, siç mund të kenë menduar...

Posted by Muhamed Asani on Wednesday, March 17, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг