Наскоро вонредно пандемиско издание на „Златна бубамара“ под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов“

Точка

15/03/2021

15:15

4.797

Големина на фонт

а а а

Тимот на „Радио Бубамара“ го подготвува новото, 24-то по ред, вонредно пандемиско издание на најпопуларната манифестација во земјава – „Златна Бубамара“.

И оваа година, традиционално, публиката ќе има можност да ја проследи оваа манифестација на Канал 5 телевизија, а истата ќе се одржи во пандемиски услови и под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов“.


Освен оваа вест, од радиото ја споделија и информацијата дека се официјално најслушаното радио во Скопје. Според податоците на истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), „Бубамара“ е најслушаната регионална радио станица во периодот од октомври до декември 2020 година.

„Со тоа радиото го продолжи статусот на најслушано регионално радио во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања од 2018 наваму“, велат од радио „Бубамара“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг