Популарноста на принцот Хари и Меган Маркл е во пад и никогаш не била помала меѓу Британците после бомбастичното интервју со Опра Винфри, покажуваат резултатите од истражувањето кое ги соопшти “YouGov”.
Агенцијата пренесува дека интервјуто на Хари и Меган ја довеле илјада години старата монархија во најголема криза во овој век, а според анкетата, интервјуто влијаело и на уште неколку членови на британското кралско семејство.
Според истражувањето на “YouGov”, 48% од испитаниците имаат негативен став кон Хари во споредба со 45% кои имаат позитивна оцена, што е за прв пат принцот „да влезе во минус. Агенцијата додава дека сега само 3 од 10 луѓе имаат позитивен став за Меган, односно за сопругата на принцот негативно мислење имаат 58% од испитаниците.
Единствениот друг член на кралското семејство кај кого е забележана пад на популарноста е таткото на Хари, престолонаследникот принц Чарлс кој е негативно оценет од 42% од испитаниците во однос на 49% кои имаат позитивно мислење.
Според анкетата на “YouGov”, најпопуларна и натаму е кралицата Елизабета Втора за која позитивно мислат дури 80% од испитаниците, а високо котираат и принцот Вилијам и неговата сопруга кои имаат поддршка од три четвртини од испитаниците.