Филипче: Полицискиот час би можел да трае две недели...

Точка

08/03/2021

15:02

3.078

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче предмалку откри дека предложеното воведување на полициски час во државава со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот би можело да трае до две недели.

„Ние интензивно разговаравме деновиве, евидентно беше дека во текот на изминатата недела се зголемува инциденцата, најмногу во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид. Поради тоа е зголемен и приливот на пациенти во болниците“, одговори министерот Венко Филипче на прашањето врз кои параметри Комисијата за заразни болести донела заклучок дека е потребно воведување на полициски час.

Министерот појасни дека како последица на зголемување на бројот на новозаразени, исполнети се капацитетите во Кавадарци и Прилеп, а се зголемуваат и бројките на хоспитализирани и на клиниките во Скопје, по што во функција се ставаат модуларните одделенија ширум земјава.

На прашањето колку време би траел полицискиот час кој го предложи Комисијата за заразни болести, министерот изјави дека засега планот е тоа да трае две недели, во периодот од 22:00 до 05:00 часот наутро.

„Засега две недели, толку е еден циклус епидемиолошки, тогаш очекуваме да има вистински резултат. Меѓутоа, спремни сме, можни се и измени“, порача првиот човек на македонското здравство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг