Солскјер посебно испофали еден играч по дерби победата на „Итихад“: Се пронајде себеси и го извлече најдоброто

Дерби

08/03/2021

11:49

1.256

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се покажа како тимот кој ја прекина неверојатната серија од 21 победа во низа на Манчестер Сити, откако „црвените ѓаволи“ го добија големото градско дерби на „Итихад“ со 0:2.

Дербито не можеше да започне подобро за гостите од „Олд Трафорд“ кои добија пенал по глупоста на Габриел Жесус, напаѓачот на Сити кој се најде на погрешно место и го собори Антонио Марсијал. Французинот кој беше неизвесен за настап на дербито имаше фантастично издание и демонстрираше дека може да прави разлика кога е расположен за игра, па токму поради тоа беше и посебно пофален од страна на својот менаџер.

На само еден ден пред дербито, поддршка за Марсијал испрати Луис Саха кој го советуваше Оле да не се откаже од неговиот сонародник, а по блескавото издание во дербито, со коментар се јави и норвешкиот стручњак.

– Антони беше апсолутно фантастичен на теренот. Ова беше стариот Марсијал. Имаше брзи вртења со топката, добри движења, знаеше кога да застане и да направи пауза. Сето ова е уште поневеројатно ако се знае дека беше неизвесен за настап. На два часа пред мечот, за време на загревањето, не се знаеше дали ќе игра, или не. Истото важи и за Лук Шо.

– Марсијал се пронајде себеси, го пронајде најдоброто во себе. Се надевам дека ова ќе му помогне, беше навистина силен со топката во нозе и ова издание може да му донесе само позитивни нешта, – изјави Оле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг