Семејствата на починатите од Ковид-19 го тужат британскиот премиер

Точка

07/03/2021

17:48

3.429

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на своите семејства поради ковид, во обид да ја натераат владата да спроведе истрага бидејќи сакаат правда поради начинот на кој државата се носи со пандемијата.

Во Велика Британија досега починале 124.419 луѓе, што е најголем број на починати од овој вирус во една европска држава.

Британија е петта по бројот на починати во светот, зад САД, Бразил, Мексико и Индија.


Групата "семејства кои бараат правда" сакаат да ја принудат владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Британија се борела со пандемијата, пренесува "Daily Mail".

Група адвокати од канцеларијата "Пит Ведерби и Елкан Албрахамсон" ќе ги извести министрите овој месец дека се спроведува судската ревизија на Врховниот суд.


Џонсон досега одбивал да наложи експертиза за владиниот одговор на пандемијата на ковид-19, барајќи прво да се намали ризикот од нови инфекции.

Адвокатите велат дека огромен број на Британци починале "беспотребно, поради владини грешки" и дека истрага мора да се спроведе поради човекови права, пишува лондонски "Times".


Семејствата сакаат да спречат повторно да дојде до нов висок број на починати, а притоа на својот сајт напишале:

"Членовите на семејствата и државата заслужуваат одговори".




Спонзорирани линкови

Маркетинг