„Нема да ме малтретираат да ја играм играта која ја уби мојата мајка“

Точка

04/03/2021

16:55

3.443

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган одамна одлучиле дека не сакаат да ја играат традиционалната кралска медиумска „игра“ и повторно ќе отстапат од нормата во деталното интервју со Опра Винфри кое ќе се емитува во недела.

По честите критични наслови во таблоидите и другите медиуми во Британија, парот веќе најави повлекување од кралските должности, преселба во Калифорнија со малиот син Арчи и прекин на контактите со најголемите британски таблоиди, пренесува „Reuters“.


Минатиот месец Меган Маркл успешно го тужеше таблоидот „Mail On Sunday“ кој ја нарушил нејзината приватност со објавување на делови од писмото наменето за нејзиниот татко. Парот вчера издаде соопштение во кое наведува дека Меган ја растажил извештајот во „The Times“ за насилството против неа, нарекувајќи го напад на нејзиниот карактер.

„За тие медиуми, тоа е игра. За мене и многу други, тоа е реален живот, реални односи и многу реална тага“, изјавила Маркл.


За Хари, тоа е смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, која настрада во автомобилска несреќа во Париз 1997 година додека ја бркале папараци, кога тој имал само 12 години.

„Нема да ме малтретираат да ја играм играта која ја уби мојата мајка“, кратко рекол принцот во телевизиски документарец во октомври 2019 година, пред да најави дека ќе ги напушти кралските должости. Тоа е темата на која ќе ѝ се наврати во интервјуто со Винфри на 7 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг