Приведени Пандов, Миленко и Панчевски - се забавувале во кафеана по 21 часот

Точка

27/02/2021

15:55

4.218

Големина на фонт

а а а

Вчера вечерта, во кафеана во Стајковци биле приведени 18 лица поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Меѓу приведените биле новинарите Миленко Неделковски, Александар Митовски (Инфомакс),  претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов и разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

"На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19" соопштeно е од СВР Скопје.

"Точно е дека јас и мојата партнерка бевме во локалот по повод пензионирањето на Неделковски. Јас на себе немав часовник, но мислам дека беше околу 21:25 часот или можеби и 21:30 часот и веќе бевме надвор пред локалот кога полицијата нè повика да отидеме да дадеме изјава. Беа сосема коректни во односот, ние отидовме дадовме изјава и тоа беше тоа. Јас првпат влегувам во полициска станица, претходно сум немал вакво искуство", рекол Пандов за "360 степени".



Спонзорирани линкови

Маркетинг