Новиот Pixel Fold на Google пристигнува оваа година

Точка

27/02/2021

13:29

987

Големина на фонт

а а а

Шпекулации во врска со Pixel Fold кружат веќе подолго време, а сега познатиот инсајдер Јон Просер потврди дека Google навистина работи на својот прв телефон на преклопување.

Првите информации за овој уред ги објави аналитичарот Рос Јанг во декември 2020-та година, а сега повторно се огласи и откри дека во втората половина од 2021-ва година ќе видиме најмалку три нови паметни телефони на Samsung, четири модели на компаниите Oppo, Vivo и Xiaomi, како и еден модел на Google.

Според гласините, новиот Pixel Fold на Google ќе има сличен преклопен механизам како моделите Motorla Razr 2020 и Samsung Galaxy Z Flip.


Од Google веќе и наводно ги направиле првите нарачки на флексибилните екрани. Ќе ги добијат од јужнокорејската компанија Samsung, а станува збор за екран со големина од 7,6 инчи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг