Омилената фраза на програмерите наполни 43 години

Точка

26/02/2021

20:25

1.343

Големина на фонт

а а а

Секој програмер барем еднаш напишал “Hello World” - станува збор за најпопуларниот израз во светот на програмирањето.

Едноставната задача е на компјутерот да биде прикажано “Hello World” – ова традиционално се користи како првата програма со која програмерите го тестираат системот. Ако може да се видат овие зборови на екранот, тогаш тоа значи дека програмата може да се компајлира и стартува.

Потеклото на овој израз е поврзано со првото издание на познатата книга „Програмски јазик Ц“ која ја напишаа Денис Ричи и Брајан Керниган. Датумот на издавањето на оваа книга во 1978-ма година се смета и за неформален „роденден“ на оваа фраза.


Сепак, “Hello World” за првпат може да се најде во претходната книга на Керниган, а тоа е книга за програмскиот јазик „Б“, наречена “A Tutorial Introduction to the Programming Language B”.

Интересно е тоа што Керниган во интервју за „Форбс“ на прашањето зошто баш го избрал “Hello World” изјави дека слабо се сеќава, но му се чини дека тогаш видел некој цртан филм со јајце и кокошка во кое кокошката на јајцето му рекла „Здраво свете“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг