Судот ја укина мерката домашен притвор, Мијалков спроведен во Шутка

Точка

26/02/2021

12:49

7.056

Големина на фонт

а а а

На барање на обвинителката Ленче Ристовска, судијката Џенета Бегтовиќ на обвинетиот Сашо Мијалков му одреди мерка притвор по што тој веднаш бил спроведен во затворот во Шутка.

Обвинителката Ленче Ристоска побара ефективен притвор за Мијалков и во неделата, непосредно пред неговото бегство, но кривичниот совет на Основниот кривичен суд, составен од судиите Илија Трпков, Огнен Ставрев и Васка Масевска-Николовска, одлучи дека тоа е престрога мерка.

По изрекувањето на пресудата, обвинителката Ристоска побара притвор, велејќи дека има известувања од МВР и од БЈБ дека не поседуваат технички можности за 24-часовен видеонадзор.

"Во конкретниот случај сметаме дека мерката куќен притвор за Мијалков не е доволна за обезбедување на негово присуство, затоа бараме ефективен притвор. Во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои МВР нема технички можности/опрема за 24 часовен видео и електронски надзор на почитување на мерката притвор, што е еден од сегментите за куќен притвор. Од Обвинителството, потврдени се податоците дека Мијалков има регистрирана адреса и договор за престој во Прага и две возила на негово име, а особено, предлагам да се цени фактот дека тој е човек кој поседува приватни бизниси исто како и неговите членови на семејството. Тоа значи дека тој може да живее во бегство сосема комотно", рече Ристоска.

„Против обвинетиот е поднесен обвинителен предлог, па согласно предвидено е по објавување на пресудата, притворот да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од адресата каде што му е одредена мерката куќен притвор, и да се однесе во притвор“, истакна судијката.

Потсетуваме, Мијалков денеска првостепено беше осуден на 12 години затвор за случајот "Tаргет-Тврдина".



Спонзорирани линкови

Маркетинг