Сите го помниме како Џим од „American Pie“, а за улогата во еден ТВ хит жали до ден-денес

Точка

25/02/2021

13:28

3.381

Големина на фонт

а а а

Џејсон Бигс е познат по улогата на Џим во хит комедијата „American Pie“, меѓутоа, доколку малку подобро би ги бирал улогите, би глумел во уште едно многу популарно остварување.

Тој во интервју за емисијата „The Covino and Rich Show“ раскажал дека ја одбил улогата на Тед Мозби во серијата „How I Met Your Mother“ која имаше дури 9 сезони.


„Ми ја понудија таа улога и многу ми е жал што ја пропуштив. Во тоа време се прашував дали навистина сакам да работам на телевизија, мислев дека не сум спремен за такво нешто“, изјавил Бигс.

Му се допаѓала флексибилноста која ја имал кога станува збор за снимање на филмови и објаснил дека не сакал да се посвети на некоја серија.

„Бев вистинскиот човек за тоа, но ја пропуштив приликата“, истакнал актерот.


Сепак, нема многу причини за жалење бидејќи уште на почетокот на 21-от век се прослави со „American Pie“. Со тоа дури 30 пати бил номиниран за Еми, а истата награда ја освоил 10 пати.

Но, Бигс изгледа се предомислил и што се однесува до телевизијата бидејќи се појавува во сериите „Orange is the New Black“ и „Outmatched“. Од друга страна, улогата на Тед Мозби ја прифатил Џош Раднор кој очигледно успеал да препознае каков хит ќе стане „How I Met Your Mother“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг