Убиен моќен албански нарко бос! Изрешетан во центарот на Тирана, егзекуторите долго ја подготвувале акцијата

Точка

25/02/2021

13:00

3.944

Големина на фонт

а а а

Во центарот на Тирана утрово е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека познат нарко бос.

Тој бил убиен од огнено оружје со пригушувач, а како што пренесува "ABC Albania", станува збор за Бехар Суло Софиа, кој и е добро познат на полицијата поради своите криминални активности.

Тој бул уапсен пред неколку години поради шверц на десетина килограми дрога од Турција во Албанија, а бил вмешан и во инцидент во Драч во 2009-та година, во кој биле убиени четири полицајци.

Полицијата наведува дека неговото убиство било добро организирано, како и дека се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги прегледува надзорните камери поставени во крајот во кој е убиен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг