Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати

Дерби

25/02/2021

12:55

1.302

Големина на фонт

а а а

Аталанта вчера одигра доста борбен натпревар против тимот на Реал Мадрид од кого загуби со 1:0 со гол примен во самиот финиш од натпреварот.

Клубот од Бергамо цели 70 минути играше со играч помалку, а тренерот Џанпјеро Гасперини беше приморан да прави рокади во текот на целата средба.

Пред самиот крај на средбата, искусниот стратег се обиде дополнително да ја затвори играта притоа вадејќи го Јосип Иличиќ кој претходно влезе во игра во 56. минута од натпреварот.

Словенечкиот фудбалер беше видно лут што Гасперини го вади од игра по само 30 минути поминати на теренот, но на гестикулациите дрско му одговорил тренерот кој не толерира такво однесување.

– Престани да се жалиш и земи прави нешто, - му викал Гасперини на Иличиќ при замената во финишот на средбата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг