НАСА предупредува! Астероид со големина на стадион минал покрај Земјата: Еве колку време му треба да заврти круг околу нашата планета

Точка

25/02/2021

12:37

2.166

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција (НАСА) предупредила на група астероиди кои доаѓаат кон земјата, со големина од десетина до 213 метри во дијаметар.

Во неделата астероидот 2021 DD1 со дијаметар од десет метри и 2021 DK1 со дијаметар од 61 метар минал покрај Земјата на безбедна оддалеченост од 1,6 милиони, односно 6 милиони километри.

Меѓутоа, тоа е само "загревање" пред доаѓањето на астероидот кој НАСА го нарекува 2020 KSU6 со големина на стадион, чиј дијаметар има 213 метри, односно двојно е поголем од Биг Бен во Лондон и два и пол пати поголем од Кипот на слободата во Зе.


2020 KSU6 патува со брзина од 8,4 километри во секунда или 30.240 километри на час. Бидејќи обемот на Земјата е 40.975 километри, на астероидот би му било потребно нешто повеќе од еден час да заврти кругот околу нашата планета.

Оваа вселенска карта на 22-ти февруари прелетала на околу 4 милиони километри од Земјата, така што човештвото може да воздивне.

Огромниот астероид набрзо ќе го следи и 2020 BV9, кој ќе мине на оддалеченост од 5,6 милиони километри, како и 2021 CC5, кој ќе мине на околу 6,9 милиони километри од Земјата, пренесува "RT".




Спонзорирани линкови

Маркетинг