Холивудската актерка има автоимуна болест за која не постои лек: „Со години имав мачни симптоми, лекарите не знаеја што ми е“

Точка

25/02/2021

10:02

5.989

Големина на фонт

а а а

Актерката Оливија Мун неодамна отворено зборувала за борбата за своето здравје откако добила дијагноза за автоимуна болест - фибромиалгија.

„Не бев сигурна што ми се случува. Со години се борев со многу различни симптоми, несвесна за она што се крие за тоа“, ја започнала приказната Оливија.

Експертски тим од 5 лекари, по разни испитувања откриле дека боледува од фибромиалгија. Станува збор за автоимуно нарушување за кое не постои лек, но во ублажување на симптомите можат да помогнат лекови и живот со елинимирање на стресот во што поголема мера.

Фибромиалгијата е состојба на системски нарушен метаболизам, а најчесто се јавува кај жени и тоа во период на адолесценција поради силен интензитет на стрес. Се карактеризира со низа симптоми како општа слабост на мускулите, умор, проблеми со спиење, помнење и расположение, раздразливост, силни главоболки...


„Морав значајно да го променам својот режим на исхрана и вежбање. Одеднаш морав многу да размислувам за тоа што внесувам во своето тело. Исфрлив глутен, млечни производи и шеќер - морав да исфрлам многу работи на кои бев навикната секојдневно да ги консумирам и кои навистина ги сакав“, рекла актерката.

Оливија вели дека промената на животот не била лесна, особено бидејќи само еден ден по воспоставување на дијагнозата, таа требало да патува за Италија - земјата на виното, пицата, сирењето и тестенините.

„Обидете се да замислите како ви дијагностицираат автоимуно нарушување, а потоа следниот ден треба да летате за Италија на снимање кое трае еден месец, а вам ви велат дека не можете да јадете шеќер, млечни производи и глутен“, сликовито го доловила чувството во тој момент.

Но, нејзиниот избор бил јасен - лекарите ѝ ја објасниле мрачната иднина доколку веднаш не започне со промена на стил.


„Немав избор, се чувствував многу лошо. Лекарите ми кажаа дека морам да поработам на здравјето на цревата, а најважниот совет е свесна исхрана - односно се што јадам, морам навистина да го сакам“, истакнала Оливија.

„Мора да го пронајдете она што сакате да го јадете и пиете бидејќи тоа ќе создаде промена. Сите истражувања покажуваат дека кога сте среќни, создавате хемикалии кои се добри за телото и здравјето на цревата. Кога сте несреќни и правите или јадете работи кои не ви се допаѓаат, во телото создавате лоши реакции. За да останете здрави, мора да пронајдете нешта во кои уживате. Тоа за мене беше клучно“, заклучува актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг