"Boeing" препорачал суспендирање на авионот 777 по откажувањето на мотор

Точка

23/02/2021

12:17

362

Големина на фонт

а а а

Американскиот произведувач на авиони "Boeing" соопштил дека со истрагата се откриени траги од "замор на металите" на нивниот авион "777" на кој му откажал еден од моторите кратко по полетувањето во Денвер и препорачал привремено приземјување на сите летала од тој тип, пренесува "BBC".

"BBC" наведува дека истражителите утврдиле дека една лопатка на вентилаторот која откажала во моторот на авионот "Boeing 777" кратко по полетувањето покажувала знаци на "замор на металите", а американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) соопштил дека сечивото ќе биде дополнително прегледувано.

Од "Boeing" соопштиле дека 128 авиони од тој тип треба да се суспендираат додека не се извршат сите потребни инспекции, а дека моментално од 69 авиони со моторите "Прат Витни 4.000" кои се во употреба, приземјени во хангари се 59, пренесува "BBC".

Американската федерална администрација за воздушен сообраќај (FFA) издала предупредување за авионите од типот "Boeing 777" по откажувањето на еден мотор на летот на компанијата "United" над Денвер во Колорадо и наредила итна инспекција на таквите летала.

Авионот пренесувал 231 патник за Хонолулу кога претрпел дефект на десниот мотор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг