Бил Гејтс се вклучува во борбата против климатските промени: Ќе вложи 2 милијарди долари за да спречи катастрофа!

Точка

22/02/2021

15:05

468

Големина на фонт

а а а

Американскиот мултимилијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс најави дека во следните пет години планира да вложи 2 милијарди долари во борбата против климатските промени.

Во интервјуто за германски „Ханделсблат“, Бил Гејтс изјави дека тоа ќе бидат вложувања во стартап компании и други проекти, а неговата цел е со вложените средства и напори да се спречи климатска катастрофа која би настанала како последица на глобалното затоплување.

„Не е невозможно, но ќе биде многу тешко“, нагласи Бил Гејтс и од државите ширум светот најмалку за пет пати да ги зголемат државните инвестиции во науката со цел да се произведува чиста енергија и да се воведат климатски иновации.


Бил Гејтс во неговата нова книга насловена „Како можеме да спречиме климатска катастрофа“ претстави и план за намалување на емисијата на штетни гасови кои според него до 2050-та година треба да бидат сведени на нула.




Спонзорирани линкови

Маркетинг