Службениците на американската држава Тексас предупредиле на "катастрофа во катастрофа" по незапаметениот леден бран кој оставил милиони луѓе без греење и вода, наведувајќи дека граѓаните треба да се подготват на можноста да нема струја до викендот.
На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им е кажано да ја превријат водата, со оглед на тоа дека електраните и натаму се соочуваат неможноста за активирање на своите системи, додале службениците, јавува "Reuters".
Околу 12 милиони жители на Тексас, втората најнаселена држава со 29 милиони жители, немаат вода за пиење или повремено им доаѓа вода, па снемува.
Струја немаат околу 2,7 милиони домаќинства, а метеоролошките служби прогнозираат дека ниските температури ќе се одржат до викендот, што ќе отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас во овој бран изгубил околу 40 проценти од капацитетите за производство на струја.
Освен тоа, природните извори на гас и цевоводите, како и турбините, се замрзнати. Болниците во Хјустон, главниот град на Тексас, соопштиле дека немаат вода, а се верува дека неколку смртни случаи уследиле токму поради ледениот бран.
Претставници на локалните власти се плашат дека бројот на починати би можел да биде значително поголем, но дека телата на потенцијално починатите се уште не се пронајдени.