Познатата и актуелна инфлуенсерка, Миа Костова, минатата недела објави топлес фотографија со која покрена лавина коментари и дискусии.
Имено, поранешната водителка со топлес фотографијата ја покажа новата уметност на своето тело, односно двете нови тетоважи, додека со рацете ги покрива градите.
Следбениците на Костова имаат поделено мислење за оваа објава, која инфлуенсерката ја карактеризира како уметност. Додека едни ѝ се воодушевуваат на храброста и ѝ се восхитуваат на прекрасното тело на кое секој може да ѝ позавиди, други одат дотаму што дури го пријавуваат нејзиниот профил.
Во текот на вчерашниот ден, Костова сподели со своите следбеници колку енормно се зголемени импресиите на нејзиниот профил, откако ја објавила оваа фотографија.
Но, денеска ситуацијата сосема се промени. Миа ја избриша фотографијата, со цел да го заштити својот Инстаграм профил кој брои речиси 37.000 следбеници, откако многу корисници го пријавиле нејзиниот профил.
„Со оглед на константните пријави на профилот и сликата, во надеж дека нема да го снема профилов, морав да избришам стори каде што се појавува истата и секако да ја избришам сликата. Ви благодарам“, напиша Миа на Инстаграм-стори.
Костова за Точка објаснува дали порано се соочувала со ваков тип на проблеми, со оглед дека долго време ѝ е посветена на оваа социјална мрежа.
„Никогаш претходно не ми се случило вакво нешто, но веројатно тоа е така поради големата бројка на следбеници со која раководам во моментов“, вели Миа за Точка.
„Мора да признаам дека во изминативе два дена импресиите ми достигнаа речиси до 4 милиони и сметам дека тоа си го направи своето. И покрај тоа што фотографијата не е спорна дури и кога ги гледаме Условите за користење на Инстаграм, бидејќи брадавиците на истата се покриени, што значи нема можност за бришење на профилот или пријавување на фотографија, јас бев прилично исплашена, не сакам да ми се изгасне профилот, а добив порака 'пред гаснење на профилот'. Веројатно затоа избрзано ја избришав фотографијата, не се обидов ниту да ја задржам“, заклучува Костова за Точка.
Инаку, 'спорната фотографија' кај нас не е банирана, па за оние кои пропуштиле да ја видат....
Автор: Цеце Николова