Премиерот Зоран Заев рече дека ќе го разгледа предлогот на претседателот на државата Стево Пендаровски, за одложување на пописот.
„Го видов предлогот на државата, да се одложи пописот на месец два…ок, јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување..Летото знаеме дека попис не се спроведува, а септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори. И да размислие за месец ипол да завршиме некаде до јуни, гледам тоа веќе опозицијата го одби. Уште еднаш ја испраќам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“ рече Заев.