Променливо облачно со температура до 11 степени

Макфакс

29/01/2021

08:41

834

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, па снежната покривка ќе се зголеми. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок значително ќе опаѓа, за повеќе од 10 мерни единици. Максималната температура ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг