Во Македонија 336 нови случаи на коронавирус, 10 лица починаа

Макфакс

28/01/2021

17:09

2.179

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 336 нови случаи на коронавирус, 10 лица починаа, а 385 се оздравени, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.964 тестирања. Најмногу нови случаи се потврдени во Скопје – 145, во Кавадарци се потврдени 27 случаи, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти од: Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 , Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 , Крушево –1 .

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, на починати е 2.831, а бројот на активни случаи изнесува 8.667.



Спонзорирани линкови

Маркетинг