Ристова: Итна реформа денес за подобро утре

Макфакс

27/01/2021

21:31

782

Големина на фонт

а а а

За најавената реформа во основното образование, професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет во Скопје вели дека е промена што се чека 30 години. По денешната средба на професорите од сите универзитети во државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование, Ристова изјави дека од првиот лош резултат постигнат на ТИМСС-тестовите, по независноста, резултатите постојано се влошуваа.

„По 30 години, некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува кај неколку влади досега, а точно е детектирана грешката. Оваа Влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди бргу и да го поткренеме системот на подобро“, рече професорката Ристова.

Децата образовани според новата концепција нема да бидат националисти, нема да бидат политички оптоварени, ќе бидат интегрирани во општеството и ќе бидат сензитивни кон средината и кон опкружувањето, посочи професорката.

„Новиот човек може да се направи само со поинтензивно образование, со дигитално образование, затоа што денешното дете не е исто како ние кога бевме деца. Концептот овозможува добра реализација и ние од високото образование будно ќе следиме како се спроведува и ќе интервенираме секогаш кога ќе има отклонување од иницијалниот пат“, рече професорката Ристова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг