Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Макфакс

27/01/2021

18:32

963

Големина на фонт

а а а

Утре наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено.

Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг