Австриското министерство ги збуни граѓаните: Не знаат кои маски да ги носат...

Точка

26/01/2021

10:52

983

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство на Австрија ги збуни граѓаните со предупредувањето дека маските со ознака “KN95” не може да бидат прифатени кога се носат во затворени простории и јавен превоз.

Од вчера во Австрија, поради појавата на новата мутација на коронавирусот е воведена обврската да се носи маска со повисоко ниво на заштита од типот “FFP2” во јавните установи, во болниците, продавниците и сите други затворени простори.

Со оглед на тоа што во продажба се и маските “KN95”, од Министерството за здравство издадоа соопштение во кое е наведено дека маските од тој тип не може да бидат прифатени како замена на “FFP2” маските. Тие што нема да носат “FFP2” маска може да бидат казнети со казна од 25 евра.

За “KN95” маската, од австриското Министерство порачаа дека иако таа маска нуди слична заштита, сепак автоматски не е прифатена. Причината за тоа е што маската ја нема поминато европската контрола на квалитет.


Неколку часа подоцна, од Министерството за здравство на Австрија беше издадено ново појаснување во кое беше наведено дека маските “KN95” сепак се прифаќаат, но и дека не баш секоја “KN95” маска е изедначена со “FFP2” маската по нивото на заштита.

На граѓаните им беше порачано дека прифатени се само “KN95” маските кои имаат европски ознаки за проверка на квалитетот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг