Необичната тактика на Мурињо за бранење од прекини против Викомб стана хит во Англија

Дерби

26/01/2021

09:59

971

Големина на фонт

а а а

Тотенхем по рецептот на Манчестер Сити обезбеди пласман во наредната рунда на ФА Купот, бидејќи долго се мачеше да го скрши отпорот на апсолутниот аутсајдер, а потоа во неколку минути комплетно го нокаутираше противникот.

Сити изминатиов викенд постигна три гола во десетина минути против Челтенам, додека изминатава вечер, Тотенхем го направи истото против Викомб и во периодот од 86-та до 93-та минута комплетно го реши прашањето околу патникот во следната фаза во ситуација кога до таа фаза резултатот беше само 1:1.

Жозе Мурињо на крајот можеше да се радува над победната над второлигашот кој е последен во Чемпионшип лигата, но покрај тоа што може да биде задоволен од фуриозниот финиш, тема на разговор беше и неговата необична тактика за бранење прекин на противникот во првото полувреме.

Имено, Португалецот ги намести своите фудбалери на 30-тина метри од голот и на тој начин ги принуди противничките играчи да бидат далеку од опасната бзона, па колку и да изгледаше бизарно сето ова, истото му донесе резултат и направи да биде тема на разговор меѓу фудбалските фанови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг